„За тебе мила мајко, јас ќе жалам секој ден, во туѓа земја” – со овие зборови Иван се прости од мајка му и замина во Германија

Збогом мајко јас отидов, немаме пари, немаме здравје, немаме живот веќе тука во оваа наша мала земја.

Оваа разделба ми го распарчува срцето. Ве оставам тебе, тато и бато, али мајко морам да одам и да печалам за мене, за нас, за мојата идна сопруга и фамилијата која ќе ја основам.

Збогум другари и другарки. Ве оставам, но ветувам дека ќе се вратам пак некогаш и повторно ќе седнеме во маалските кафеани да се насмееме за старите добри времиња, да си ги споделиме тајните.

Но, тогаш и јас ќе имам пари Вас да Ве почастам, како што и Вие мене ме частевте многу пати за Вашите успеси во животот. На крај, збогум Македонијо, моја мила родна земјо.

Те уништија тие кои се на власт, секој ден се повеќе и повеќе гние земјата на која газам, а со неа гнијат и плодовите кои ни ги даваш. Бев горд Македонец, веќе не знам кој сум, иако живеам во својата родна Македонија.

Но мајко, ќе се вратам, чекај ме, те молам.

Иван.

Извор: Bulevar.mk

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!