Една Британка во Фејсбук група во која корисниците објавуваат трикови и совети поврзани со чистењето, открила како да се ослободи од мувлата без преголема мака.
Прво барала помош од другите членови од групата, а после многу совети се одлучила за оној кој вклучува само две состојки. На критичните места – аглите од туш кабината, преку ноќ ставила парче вата кое претходно го натопила со избелувач, а утрото сè било избелено и немало нималку мувла.
Дури и неа ја изненадил овој резултат, па морала да им се пофали на останатите во групата. Како доказ објавила и фотографија, а според коментарите многумина се воодушевиле.
„Ова е одлично. Се обидов да ставам избелувач неколкупати, но никогаш не на вата“, „Избелувач и мене ми помогна, само потребно е да се стави навечер“, се само некои од коментарите.