Инстаграм профил вреден за внимание: Спомени од ретро Скопје

Чичко Стоилко, Пелистер, воениот базен, „коцка”, кафаната „Симплон”, лизгалиште, хотел „Македонија”, диско „Турист”, Луна паркот… сите овие културни и градски обележја се спомени од едно ретро Скопје, кое особено на повозрасните генерации им будат убави спомени.

На Инстаграм наидовме на еден интересен профил, Ретро Скопје, каде на едно место се сублимирани сите овие спомени преку стари фотографии на кои е замрзнато едно поинакво време и едно поинакво Скопје, кое денеска во најголем дел е само меморија.

Ако сакате да се потсетите или пак да ѕирнете во минатото на градот, ова е профил вреден за внимание.

Извор: Tocka.com.mk

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!