Исклучете ги овие уреди и избегнете додатни трошоци пред да одите на одмор

Пред да одите на одмор, треба да исклучите одредени уреди, за да не предизвикате штета или непотребни трошоци во ваше отсуство.

Што треба да исклучите кога одите на одмор? Некои апарати може да се расипат, некои сè уште трошат електрична енергија иако не работат, а некои може да не функционираат.

Апарати што треба да ги исклучите од струја
Модеми, рутери и уреди кои имаат надворешен полнач: мобилни телефони, конзоли за игри, лаптопи, модеми, рутери и сите уреди што имаат свој дополнителен полнач треба да се исклучат од приклучокот, бидејќи полначите, без разлика дали уредот работи или не – троши струја.

Мали апарати за домаќинство: блендерите, тостерите, котлињата, сите апарати на тајмер може да бидат потенцијално опасни додека не сте дома. Затоа е најбезбедно да ги исклучите. За заборавените – сликнете ги празните приклучоци.

Уреди во мирување: Сите уреди што ги контролирате од далечина не се навистина исклучени и безбедни додека не го исклучите напојувањето.

Апарати што треба само да ги исклучите
Клима: Се што треба да направите е да ја исклучите, не мора да го прекинувате напојувањето.
Бојлер: Сè што треба да направите е да го исклучите бојлерот, исто како кога се туширате.

Ова не е струја, но е корисно: Пред одмор, треба да го исклучите главниот вентил за вода – на овој начин сте заштитени од поплави.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!