Лубениците обезбедуваат освежување што ретко може да се спореди со нешто друго. Сепак, со купувањето лубеница често доаѓа разочарување.
Понекогаш ни изгледа совршено, но кога ќе ја пресечеме имаме само топче полно со вода без вкус. Лубеницата нè освежува и нè разладува во текот на летото бидејќи содржи многу вода, а благодарение на растителните влакна го намалува чувството на глад.
Таа изобилува со витамините Ц и А, како и калиум и магнезиум, а содржи многу малку калории – 100 грама лубеница има само 30 калории. Но, кога ја купуваме, не е лесно да се претпостави која е зрела и сочна лубеница.
Иако на прв поглед сите изгледаат исто, треба да бидете „уметник” за да ја изберете токму онаа највкусната. Но, искусен земјоделец откри неколку трикови како да препознаете сочна и убава лубеница.
1. Мора да биде со правилен изглед – Избегнувајте лубеници кои изгледаат трнливо, потонато или глобално неправилно. Изберете лубеница без меки дамки и оштетување.
2. Проверете ја тежината – Зрелата лубеница е многу потешка од онаа што сè уште не е зрела. Дополнителната тежина е одличен показател дека лубеницата е полна со вода, но и со вкус. Земете неколку лубеници со иста големина за споредба и купете ја најтешката.
3. Побарајте ја жолтата точка – Лубениците имаат жолта точка на страната каде што лежат на земја. Колку е пожолтата точката, толку е позрела лубеницата. Дефинитивно избегнувајте лубеници кои имаат бледа или целосно бела дамка затоа што тоа значи дека се берат прерано.
4. Тропнете на неа – Многу љубители на лубеница се колнат во овој трик. Тропнете на кората од лубеницата и проучете го звукот – длабок, но празен звук значи дека лубеницата е подготвена за јадење. Зрелата лубеница има темно зелена боја, а добро е и доколку на себе има лузна. Зрелата лубеница е тешка за својата големина.
Знајте дека 92 проценти од лубеницата е вода. Незрелата лубеница е лесна за својата големина. Кога купувате лубеница погледнете ја страната на која лежела на земјата. На тоа место таа треба да биде со кремасто жолта боја, помеѓу бојата на банана и лимон.
Доколку тој дел е со бела боја или светло зелена, тоа е знак дека не е доволно зрела.