Испраќал пари на фатална Украинка, кога требале да се сретнат на аеродромот следувал шокот на неговиот живот

Кога Британецот Колин Ор (40) преку веб-страница за запознавање ја запозна Украинката Олга Марченко, тој помислил дека тоа е љубовта на неговиот живот.

Тој и Украинката размениле повеќе од 800 електронски пораки, илјадници пораки на WhatsApp, бројни телефонски повици и фотографии. За време на нивната врска, Колин ѝ испратил и на 32-годишната Олга пари што и биле потребни за да ја издржува својата ќерка, со која живеела во украинскиот град Луганск.

- Advertisement -

По неколкумесечно дружење преку интернет, Олга му признала дека би сакала да живее во Единбург со него. Колин веднаш притрчал во Вестерн Унион и и ги испратил парите, но кога дошло време конечно да ја види во живо избраничката на неговото срце, тој бил длабоко разочаран.

Олга требала да слета со својата ќерка на аеродромот во Единбург, а таа му опишала на Колин што имале двете на себе за полесно да ги препознае. Но, кога пристигнал на аеродромот за да ги земе, двете не излегле од авионот што пристигнал од Украина.

Колин помислил дека нешто ѝ се случило на Олга, па го пријавил нејзиното исчезнување во полиција. Сепак, полицијата му открила дека лицето под тоа име живее надвор од Велика Британија и дека не е исчезната. Тогаш Колин сфатил дека фаталната Украинка го измамила за 1.600 фунти што ѝ ги испратил за време на нивната врска.

- Advertisement -

-Секако, на почетокот мислев дека можеби таа е измамничка. Но, по сите пораки, повици и сè што поминавме заедно, помислив дека конечно најдов некој за себе, рекол тогаш 40-годишникот.

Извор: kumanovskimuabeti

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!