„И залепив шамар на ќерка ми среде вечера на гости кај кумовите“

И удрив шамар на ќерка ми додека бевме на гости на вечера кај кумовите. Цело утро размислувам и се каам за тоа и мислам дека не погрешив, затоа што многу беше размазена, а веќе има 11 години.

Се прибрав дома по 12-часовна смена, воопшто не влегував дома, веднаш мојата сопруга и ќерка влегоа во автомобилот и тргнавме на вечера кај кумовите. Жена ми и ќерка ми отидоа до тоалетот, а јас седнав на еден од столовите кои ми ги понуди кумот, без многу да размислувам.

- Advertisement -

Кога се вратија, нашата ќерка започна да вика гласно, да бара да станам и да седнам на друго место, затоа што уште кога влегла таа сакала да седи на тој стол. Ја замолив да седне на било кое место, бидејќи цел ден стоев на нозе, па сакав да одморам.

Таа почна дополнително да прави драма, ги исмеа моите молби и предупредувања, воопшто не слушаше, поради што станав и без размислување и удрив силен шамар, после кој брзо се смири.

Тогаш таа и мојата сопруга побараа да заминеме веднаш, се вративме дома, а веќе следното утро тие заминаа од куќата. Од тој ден, тие две воопшто не зборуваат со мене. И покрај тоа, мислам дека постапив правилно како родител.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!