Девојката барала работа во фабрика кога се случила страшна несреќа. Бремена жена од Белорусија била задавена за сопствената коса за време на интервју за работа во фабрика, откако се заплеткала во машина која и го скинала скалпот, пренесува Дејли Мејл.
Умида Назарова (21) барала нова работа во фабриката Свармет во Борисов, која произведува електроди за заварување. Додека ја обиколувала салата, нејзината долга одврзана коса одеднаш се заглавила во машината и и се замотала околу вратот. Таа остана заробена и облеана во крв.
Докторката рече дека се здобила со повреда на грлото. Косата и беше завиткана околу вратот и таа беше навлечена во механизмот. Да не и беше скинат скалпот, самата коса ќе ја задавеше на лице место.
И покрај тоа што сè уште била жива кога пристигнала во болница, повредите биле претешки и никогаш не се освестила. Нејзиниот татко Дмитриј изјавил дека се прекршени безбедносните правила.
-Одзедоа два животи, таа беше во седмата недела од бременоста. Видоа дека има долга коса, па зошто не и дадоа нешто да ја покрие? – луто реагираше таткото.
Белорускиот истражен комитет соопшти дека трагедијата се случила додека еден од вработените и покажувал како работи опремата, но таа застанала да напише нешто во регистарот.„Кога ја сврте главата, ја виде жената како веќе лежи на подот во несвест, со косата заплеткана во машината“, се вели во соопштението на Комитетот.
Фабриката го платила погребот на девојчето.
Сакаше да биде мајка. Сакавме да и ја организираме свадбата и да и го земеме внукот или внуката од болница, а не ова. Ова не го сакав за моето дете – рекла Олга.
Судот осуди неименуван продукциски менаџер за „неизвршување службени должности поради нечесно и несовесно однесување што предизвикало смрт на лице“.