Како да ги исфрлите вишокот течности од телото – нозете веќе нема да ви бидат отечени

Задржувањето на вода во телото е тежок проблем кај трудниците, неактивните личности и луѓето кои конзумираат лекови. Како резултат на задржување на водата изгледате подебело, се појавуваат отоци и качувате тежина.

За среќа, причините за ова се познати и може лесно да се реши проблемот. Една од главните причини е премногу натриум. Ако јадете храна која содржи многу сол, водата полесно ќе се задржи во вашиот организам, особено ако не внесувате доволно вода која би ја испрала солта.

Кога конзумирате премногу сол, вашето тело собира вода за да ја задржи природната рамнотежа. Исхраната богата со натриум може да ги зголеми ќелиите на водата и до 20 пати.

Едноставно решение за ова е да јадете помалку преработена храна, а повеќе природни намирници. Тестенините, купечките супи, па дури и спакуваниот зеленчук содржат многу натриум, па затоа јадете свеж зеленчук и домашна супа, а обичната сол заменете ја со хималајска. Доколку сте мераклии на сол, конзумирајте и калциум кој го намалува количеството на сол, а го има во доматот, цитрусните овошја и дињата.

Недостатокот на магнезиум може да предизвика „натрупување“ вишок вода во организмот. Нашето тело користи магнезиум во речиси сите процеси, па затоа е важно да внесуваме што повеќе. Авокадо, ореви, житарки, спанаќ, јогурт и зелен зеленчук се само дел од намирниците богати со магнезиум кои треба да ги вметнете во исхраната.

Дехидратацијата е исто така причина за задржување на вода во телото. Кога не пиете доволно вода, вашето тело се бори да биде сигурно дека во организмот има доволно вода и затоа не ги исфрла течностите. Решението е да пиете повеќе вода, а доколку не можете на сила да внесувате, пробајте преку внесување на повеќе зеленчук и овошје.

И јаглехидратите се големи виновници за зголемување на вашата тежина поради задржана вода. Ако за вечера имате слатка храна, скроб, тестенини или слатки напитоци, ова ќе доведе до брзо растење на шеќер во крвта, а поради тоа телото ќе ослободи инсулин. Високото ниво на инсулин може да содржи натриум и течности кои ја задржуваат водата во организмот.

Хормонските пореметувања може исто така да имаат важна улога во проблемите со насобраната вода.Некои хормони кај жените доаѓаат до израз во менструалниот циклус, па затоа тогаш најмногу внимавајте на храната.

Конзумирајте храна богата со влакна како житарки, ленено семе и слично. На овој начин ќе го исчистите уринарниот тракт, бубрезите и дебелото црево, а телото ќе се ослободи од вишокот течности.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!