Во денешно време, кога стравот од коронавирусот преовладува, Ѓорѓе Балашевиќ пред смртта со чудна порака го збуни семејството, но загрижи и бројни фанови.
Имено, неговата ќерка Јелена Беба Балашевиќ со своите следбеници сподели интересна преписка со својот татко, легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ, па многумина се запрашаа дали познатиот музичар е заразен со коронавирус?
-Овие денови вистината е во прилична фрка, затоа што ни самата не знае каде е.
Секој ден се менуваат барем 5-6 вистини за ситуацијата во која се наоѓаме.
Но, една вистина која малкумина може да поколеба е таа дека сите мислевме дека ова можеби пократко ќе трае и дека ќе се случува Календарот од моето детство во Комабанк арената, Богојавленије во Нови Сад и така…
Што е тука е, останува да се надеваме дека идната година сепак повеќе ќе не мази.
Му се јавувам на Ѓоле да видам што прави и почнувам разговор:
„Како си?“
„Коронуло прилично“.
Да, кралот на зборовите повторно ме засмеа, но и загрижи во исто време. За среќа, не е позитивен на корона, само е позитивен на животот и во ова лудо време гледа како да не засмее.
Напиша нова вест за Вечерњи лист кој ќе излезе во сабота и нема ни мене да ми го испрати пред да излезе и мислам дека ќе се откажам од него преку истиот весник, напишала ќерката на Балашевиќ.
Познато е колку Балашевиќ беше поврзан со неговата ќерка, кога изјави дека еден од најтешките периоди во животот му бил кога таа доживеала сообраќајна несреќа.