Како не сме се сетиле: 5 работи кои најдобро се чистат со обичен прашак за алишта

Прашакот за алишта е многу силно средство за чистење, но сигурно не сте знаеле дека со него може да исперете и други работи во домот.

Тој може да биде мултифункционален, а може да се кроисти и оној во форма на гел или прав, за да го исчистите одводот или автомобилот. Еве на кои начини тој може да ви помогне во чистењето.

1. Чистење на одводот – Сте забележале дека одводот ви е запушен? Не мора веднаш да викате стручна помош, прво пробајте го овој трик. Во одводот ставете 60мл. прашак за алишта, а потоа полека истурајте околу еден литар жешка вода. Водата и прашакот заедно ќе ги отстранат нечистотиите кои се наоѓаат во одводот. Освен што е многу едноставно, многу е и евтино, бидејќи не мора да викате водоинсталатер.

2. Повеќенаменско средство за чистење – Можете многу лесно од прашак за алишта да направите универзално средство за чистење. За да го направите тоа, поребни ви се 80мл. избелувач, 4 литри вода и една лажица прашак за алишта. Одлично делува кога мора да го пребришете ѕидот, да го исчистите купатлото… Всушност, одлично делува на било која површина.

3. Ги отстранува дамките на тепихот и останатите површини – Ако размислиме малку, логично е да заклучиме дека ако делува добро на уништување на дамките од облеката, мора исто да делува и на дамките на тепихот.

Постапката е едноставна, ставете прашак за алишта на дамката и лесно тријте со мокра крипа за да се впие средството во дамката. Почекајте 5 минути и исчистете го вишокот прашак, а ако е потребно повторете ја постапката додека не исчезне дамката.

4. Измијте го автомобилот – Прашакот е идеално средство за надворешно чистење на авомобилот. Без многу мака ја уништува целата нечистотија, но претходно мора да го разредите. Една лажица прашак е доволна за една цела канта со топла вода, а ако прашакот не го промешате со вода, може да ја оштетите бојата на автомобилот.

5. Чистење на подот – Својствата во прашакот кои се одговорни за чистењето, одлични се и за чистење на подот. Во сад со вода ставете една лажица прашак за алишта, а крпата за перење добро исцедете ја. Ако остане многу мокра, може да останат дамки на подот.

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!