Каракачанов: Македонците имаат омраза кон сите други народи, освен кон Србите

Бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов во интервју за бугарската телевизија БНТ рече дека Македонија со фалсификувана историја ги учи младите на омраза кон Бугарите и дека Македонците имаат омраза кон сите други народи, освен кон Србите.

„Тука од југословенско време населението се обучува да мрази, се воспитува на омраза кон Бугари, Албанци и Грци, љубов имаат само кон Белград и кон Србите. Сè друго треба да биде мразено.

- Advertisement -

Не може дете од прво одделение да го учат на омраза, дека Бугарите се фашисти, убијци, дека Цар Самоил бил Македонец“, рече Каракачанов, кој посочи и дека на крајот ќе излезе дека Македонците постојат од времето на апостол Павле, а дека Исус Христос бил Македонец.

„Ние сме за нив Татари, фашисти и окупатор. Ќе излезе дека Македонците постојат од времето на апостол Павле, а дека Исус Христос бил Македонец. Само ние Бугарите сме некакво долно племе“, рече Каракачанов во интервјуто.

Извор: emagazin.mk

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!