Каракачанов: Можеби ќе испадне и дека Исус Христос бил Македонец

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во изјава за државната телевизија „БНТ“ кажа дека Софија не ѝ ставила вето на Македонија, туку дека само оставила простор преговорите да почнат кога земјава ќе се подобрела.

Тој ги повика политичарите, македонската историја да ја градат врз основа на автентични факти.

-Тука од југословенско време населенето се обучува да мрази, се воспитува на омраза кон Бугари, Албанци, кон Грци, љубов имаат само кон Белград и кон Србите. Се друго треба да биде мразено. Ние сме за нив Татари, фашисти и окупатори….Ќе излезе дека Македонците постојат од времето на апостол Павле, а дека Исус Христос бил Македонец.Само ние Бугарите сме некакво долно племе, истакна во интервјуто Красимир Каракачанов вицепремиер на Бугарија.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!