Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов на бугарска „Нова ТВ“, истакна дека Македонија имала шанса да добие датум за преговори во ноември минатата година, но не сакала да го искористи тоа.
„Бугарија не стави вето, таа едноставно рече дека не се подготвени за датум за преговори“, вели вицепремиеротна нашиот источен сосед.
Според него, Бугарија е „за“ проширување на ЕУ на Западен Балкан, а „говорот на омраза на сè што е бугарско“ ги загрижува.
„Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат анексот од 12 точки што го доставивме, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов во телевизиско интервју.
Во македонската свест постои негативна слика за Бугарија, со навредливи квалификации. Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат анексот од 12 точки што го доставивме“, изјави бугарскиот министер.