Кога ги перете овие 4 материјали никако не користете омекнувач – така трајно се уништува облеката

Повеќето од нас не ја прескокнуваат употребата на омекнувач при перењето алишта, а често желбата за мека, миризлива облека не наведува и да претераме.

Но, ова може да предизвика дури и контра ефект, а интересно е дека постојат и материјали кои никако „не сакаат“ омекнувач.

Станува збор за ткаенини со посебни својства чија функција овој производ ја блокира, па се советува при нивното перење да не се користи омекнувач. Така ќе им го продолжите животниот век, а еве за кои материјали станува збор.

Ткаенина со микровлакна Микровлакнестите материјали се неверојатно издржливи и сјајно впиваат течности. Од нив се прават женски хулахопки, крпи, фитнес пешкири, ракавици за чистење, ткаенини за чистење екран….

Спортска облека Специјалната спортска облека е направена така што впива пот и ве лади за време на вежбањето. Омекнувачот остава слој кој ги блокира тие својства.

Работни одела Најчество овие одела се прават од посебни материјали кои се незапалливи, а омекнувачот лошо делува на нивните својства на отпорност.

Пешкири Верувале или не, омекнувачот ја нарушува главната функција на пешкирот, а тоа е апсорбација, однсно впивање вода. Затоа, прескокнете го овој чекор, а уште подобра мекост на пешкирите ќе им даде алкохолниот оцет.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!