Кралицата на социјалните мрежи почина на 29-годишна возраст по глупава операција

Познатата инфлуенсерка Жозелин Кано (29) починала по операција за зголемување на задникот, која била изведена во Колумбија, пишува „The Sun“.

Жозелин ја нарекувале и мексиканската Ким Кардашијан, а живеела во Калифорнија. Таа била модел, инфлуенсер и моден дизајнер, а на Инстаграм ја следеле дури 12,9 милиони луѓе. Веста за нејзината смрт ја објави инфлуенсерката Лира Мерсер, која во пораката навела дека причина за смртта е споменатата операција.

- Advertisement -

Семејството на sвездата на страницата „OnlyFans“ сè уште нема издадено изјава за трагедијата, но погребната служба во Калифорнија оваа недела објавиla дека „Жозелин дошла на овој свет на 14 март 1990 година, а починала на 7 декември 2020 година“

Бројни обожаватели одговориле со пораки во кои изразиле сочувство, додека инфлуенсерката Даниела Чавез напишала:

- Advertisement -

– Почивај во мир, кралице на социјалните мрежи.

Експертите веќе долго време предупредуваат на ризикот од бразилскиот метод за подигнување на задникот.

Една студија покажала дека стапката на смртност од таа постапка е 3.000, далеку поголема од ризикот од другите козметички операции.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!