Нема успешен маж без силна жена до себе, која му помагнала да стане тоа што е. Оваа кратка приказна е потврда на тоа, и се чита во еден здив:
Томас Вилер, извршен директор на осигурителна компанија во Масачусетс и неговата сопруга патувале со автомобил, кога тој забележал дека биле при крај со бензинот. За кратко време тие наишле на бензинска пумпа на која што застанале.
Тогаш Вилер му рекол на вработениот да го наполни резервоарот и смени маслото, а тој влегол во бензинската пумпа за да ја плати сметката. Кога се враќал кон автомобилот, забележал дека неговата сопруга и бензинарот воделе смешен разговор. И двајцата молчеле кога Вилер влегол во автомобилот.
Тогаш бензинарот и мавнал на женаму и рекол: „Мило ми беше што поразговараме. Додека тие се оддалечувале од бензинската пумпа, Вилер ја прашал жена си дали бензинарот и е познат.
Таа со задоволство признала. Учеле во една гимназија и биле во сериозно врска која траела една година. „Боже мој, си имала среќа што сум се појавил јас – и рекол Вилер. – Ако се беше омажила за него, ќе беше жена на бензинар наместо сопруга на извршен директор.
„Драги мој – одговорила жена му – ако се бев ја омажила за него, тој ќе беше извршен директор, а ти бензинар!