Лиде има потреба од сите НАС! Помогнете и да и дадеме ЖИВОТ!

Лидија Ристевска боледува од прогресивна мултиплекс склероза со која упорно се бори.

Со ваша помош ги направи трансплатациите со матични клетки и постепено се подобруваше, но откако прележа Ковид ситуацијата и се влоши. Нова можност и се нуди во Куба кое ВЕТУВА ДЕКА ЌЕ СТАНЕ ОД КОЛИЧКА!

- Advertisement -

Да ја познаваш Лидија, ќе научиш лесно лекција за моќта на волјата, позитивната мисла, борбениот дух и истрајноста заедно. Лидија е пример како едно кревко суштество можи да се бори лавовски со сите животни предизвици носејќи ја на плеќи Мултиплекс склерозата како најголем предизвик.

Како болеста напредуваше, така борбата стануваше поголема- многу лавиринти, многу препреки, многу труд, верба и неоткажување – на ред е следниот голем чекор за кој како и претходно Лидија бара ваша поддршка и помош: третманот кој ветува, треба да се направи во Куба и за тоа се потребни итно 20.000 евра.

Да ги отвориме срцата и да бидиме “ветер во грбот”на оваа прекрасна жена синоним за борбеност и истрајност и крајно, да ја видиме Лидија исправена. Од овој момент, секој издвоен динар , за неа е парче надеж по патот кој макотрпно го оди.

- Advertisement -

Донациите можете да ги извршите на следните броеви:

  • Т-МОБИЛЕ -143-121
  • А1- 143-474

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!