Магична молитва за прочистување и надминување на се што е негативно

На сите ни е потребно прочистување: да ја исфрлиме негативната енергија од нас, да се ослободиме од лошите навики, искуства и емоции, да продолжиме напред со надеж, со нова сила и верба во доброто во нас и околу нас.

Најдовме за вас примерна молитва за прочистување, која ќе ви помогне да го тргнете товарот од вашата душа. Тоа не е „молитва“ во вистинска смисла, туку свесна одлука да ги оставиме сите овие работи што не попречуваат и ни го одземаат душевниот мир, хармонија и среќа.

Тоа е покана да верувате во доброто и да ја откриете сопствената моќ – онаа што е во вас, и да ги отворите вашите души и срца за новите благослови што претстојат. И запомнете дека секогаш можете да сметате на поддршка одозгора – само треба да ја посакате и прифатите.

Се ослободувам од секој сомнеж. Се ослободувам од секоја навреда. Се ослободувам од секој гнев. Се ослободувам од секое недоразбирање. Се ослободувам од секоја тага. Се ослободувам од секоја мака. Се ослободувам од секој сомнеж.

Се ослободувам од секоја недоверба. Се ослободувам од секој очај. Се ослободувам од секоја љубомора. Се ослободувам од секое самообвинување. Се ослободувам од секое обвинување. Се ослободувам од секој страв. Се ослободувам од секоја предрасуда.

Се ослободувам од секое чувство на подреденост. Се ослободувам од секоја вина. Се ослободувам од секое незадоволство. Се ослободувам од секоја суровост. Се ослободувам од секоја недобронамерна мисла. Се ослободувам од секоја болка.

Се ослободувам од потребата да бидам жртва. Се ослободувам од навиката да го игнорирам моето срце. Се ослободувам од траумите од минатото. Се ослободувам од стравовите за иднината. Се ослободувам од се што ме мачи и носи збунетост во мојата душа и срце.

Ви благодарам за сите луѓе и настани во мојот живот! Благодарам за лекциите што ми дојдоа! Со понизност и благодарност прифаќам се што беше во мојот живот и го пуштив да си замине. Ја чистам душата и ја отворам за новите благослови што треба да дојдат кај мене.

Се во мојот живот се случува на најдобар можен начин. Верувам дека имам поддршка одозгора, дека се има причина и треба само да ги гледам работите од друг агол за да ги видам бескрајните можности што ми претстојат.

Се прифаќам и одобрувам за себе, ја оставам Божествената мудрост и љубов да ме исполнуваат и да ги расфрлаат нивните зраци низ целото мое битие, во секое влакно на моето тело, да се влеваат во моето срце и да ме исполнуваат со радост.

Избирам да уживам во сегашноста и да го живеам целосно секој момент што ми е доделен на оваа земја! Благодарам што постојам; благодарам што дишам; благодарам што живеам! Благодарам што ми е дадена можноста да бидам тука и да се потопам во пространоста на безвременоста на сегашниот момент! Нека Божјата промисла ме води на вистинскиот пат, и Ангелите нека ме чуваат на секој чекор што ќе го направам! Да биде!

Ако сакате, можете да напишете на лист хартија своја листа на работи од кои треба да се ослободите, секој пат чувствувајќи ослободување од вишокот товар што паѓа од вашите рамења. Накрајот, симболично скинете го листот и фрлете го.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!