Македонец од Англија: Имам бугарски пасош, но сум Македонец, зошто го извадив е тажна приказна

“Имам 35 години и потекнувам од Македонија, како млад работев се и сешто, но фамилијарно имавме и не многу големи лозови насади.

Во Македонија, пред 10тина години, каде и да работев, повеќе од 12-3.000 денари едноставно не можеш да заработиш. Барав секакви опции, каде и да се обратиш, те одбиваат, ти велат “Ќе ти се јавиме, ние ќе те побараме”, и ништо. Единствена опција беше да избереш некоја политичка партија, па да те вработат, јас не бев таков човек, ниту денес сум.

Пријател ми спомна да извадам бугарски пасош и да заминеме во Англија, се согласив, немаше што да правам. Со сите потребни документи за 3 години стаса и бугарскиот пасош, а јас заминав да работам како механичар во Англија, што за почеток беше одлична платена работа, имајќи во предвид дека заработував доволно да живеам сам, да ги покријам сите сметки, да купам храна и да тргнам некоја фунта настрана.

Едноставно, мораше да го направам ова, ми дојде време кога требаше да се женам, да мислам на семејство и стабилна финансиска иднина, која за жал, не можев да ја обезбедам во Македонија и со македонска плата.

По кратко време ја повлеков и мојата девојка, двајцата македонци, отсекогаш патриотски воспитани да ја сакаме и негуваме нашата Македонија, но едноставно, таа не ни го понуди тоа што ние го очекувавме. Таа работи како фармацевт, а јас работам во сервис за автомобили. Денес, постојано на социјалните мрежи гледам како луѓето ги обвинуваат оние со бугарски пасоши, како ја предале Македонија и не се патриоти.

Јас два пати годишно доаѓам во Македонија, трошам пари во Македонија, но и сакам да купам имот, за семејна куќа, сакам кога ќе подостарам, пензионерските денови да ги поминам во мојата Македонија. Но да ви кажам нешто, луѓето не вадат бугарски пасоши, бидејќи се чувствуваат како бугари, или за да заминат да работат и живеат во Бугарија.

Тие вадат бугарски пасоши за да заминат во белата Европа, знаете колку соседи македонци и бугари имам, на кои државата исто како и Македонија, не им дала можност да живеат и работат таму, или едноставно не сакаат да го поминат животот заработувајќи 200-300 евра и крпејќи крај со крај. Никогаш не сме имале проблеми со нив, ниту еднаш не го повредиле нашиот македонски идентитет, нашиот јазик или нашите македонски чувства.

Наместо да го вперите прстот на оние кои извадиле бугарски пасоши, сетете се зошто го направиле тоа. Многу од тие луѓе биле во неизлезна ситуација, немајќи можност да врзат крај со крај во Македонија. Сте се запрашале дали можеби нивните деца гладувале? Само затоа што нивните родители не можеле да најдат добра работа во Македонија?

Сетете се само колку млади имаме низ Швајцарија, Германија, Белгија, Холандија, Англија, Шведска, Финска? Колку млади доктори, пилоти, инжинери, банкари, занаетчии? Тие не извадиле бугарски пасош бидејќи се чувствувале како бугари, тие извадиле само за да стигнат до белата Европа, до можност за развој, не го извадиле пасошот да заминат да живеат во Бугарија.

Никој во оваа држава не се грижи за младите, 2-30 години во Македонија е истата ситуација, млади интелектуалци ја напуштаат својата земја, и примерот не е единствен со Македонија, се случува на целиот Балкан. Причината е многу тажна зошто некои луѓе одлучиле да извадат бугарски пасош, едноставно, морале да го направат тоа.

Денес, во Англија со сопругата заработуваме одлично, живееме недалеку од Лондон, пријатели сме со голем број срби, бугари и црногорци и се уште се чувствуваме како македонци, ги негуваме сите македонски традиции, никогаш не сме изгубиле контакт со реалноста, иако за некои луѓе сме предавници кои сме извадиле бугарски пасоши.

Што требаше да направам, да седам и да се чудам што да правам со 200 евра месечно, и да очекувам дека некој нешто ќе промени?”

Последни објави

Работела во Германија 40 години и градела вили за своите синови, а тие по смртта на нејзиниот сопруг ја исфрлиле на улица

Децата растеа во изобилство, затоа што семејството Цветковиќ солудно заработуваа. Брачни пар Цветковиќ од Лескоец цели 40 години работеше...

Посвоиле куче без да го видат – Кога ја отворија вратата од камионот, се случи нешто НЕВЕРОЈАТНО!

Трејси Вајат ја основала својата организација за помагање на животни во 2011 година, пренесува порталот „Likemag“. Се започна со тоа...

ИСПЛИВА ПОТРЕСНА СНИМКА ОД ПОСЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ НА ТОШЕ! Пејачот се видел со оваа жена која му порачала: Те сакам, чувај се, пота повеќе го...

Музичката сцена во регионот години после загинувањето на Тоше Проески неможе да се помири со неговото прерано заминување, сега...

Газдата ми плаче: „Не можам да си најдам добри работници“ – Фала богу им текна да не ти работат за 250 евра

Веќе шест месеци барам работнички за во сендвичара.Со овој бизнис се занимавам скоро 10 години и никогаш не било...
- Advertisement -

Плаќаат по илјадници евра за млади Албанки а кога ќе ги видат остануваат во шок!

Неколку мажи од Црна Гора биле измамени, откога платиле за млади невести од Албанија но никогаш не ги добиле. Еден...

САМО МАЛКУ ЛУЃЕ ЈА ИМААТ ОВАА ЛИНИЈА НА ДЛАНКАТА: Нема да верувате што значи

Тие живеат според кодекс кој никој не би можел да живее и се интелигентни луѓе, никој не успева да...

Актуелно

- Advertisement -

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИRELATED
Препорачано за вас!

error: Содржината е заклучена!