Малкумина знаат дека тој е човекот кој 54 години е во брак со славната пејачка, а таа сега проговори за сè

Доли Партон веќе 54 години е во брак со Карл Томас Дин кој што ја избегнува јавноста и признал дека само еднаш во својот живот го следел настапот во живо на својата сопруга.

Легендарната кантри пејачка Доли Партон (74) е во брак со бизнисменот Карл Томас Дин (78), веќе 54 години, а таа некогаш знае да се пошегува дека им е толку многу лошо поради големиот дел од времето кое што го поминуваат заедно.

- Advertisement -

Доли и Карл, кога ќе се собере и времето пред нивната венчавка, заедно се 57 години и тој во текот на тој период ја избегнувал јавноста, па многумина знаат да се пошегуваат дека и не постои, а ретко кој знае и како изгледа. Пејачката за нивниот приватен живот проговорела во „Tablle Manners“.

„Мојот сопруг и јас заедно сме 57 години, а се венчавме пред 54 години, а мене понекогаш ми е лошо поради него, а сигурна сум и дека нему од мене“, се пошегувала Партон.

- Advertisement -

Карл ретко се појавува заедно со Доли во јавноста за да ја задржи приватноста, а таа претходно признала дека тој само еднаш во живо го следел нејзиниот настап.

Пејачката проговорела и за своите пороци: „Моја слабост секогаш биле мажи, секс и храна, не нужно по тој редослед“, истакнала таа.

- Advertisement -

Инаку, Доли и Карл немаат деца, а таа изјавила дека тие размислувале за родителство: „Кога се венчавме, разговаравме за тоа како би изгледало нашето дете, би било високо како него или ниско како мене? Доколку би имале женско дете би се викала Карла“, раскажала таа.

Но, со текот на времето тие сфатиле дека тоа не им било судено: „Драго ни е на некој начин. Но, мислам дека би била одлична мајка. Веројатно би се одрекла од многу работи поради децата затоа што би се чувствувала виновна доколку би ги оставила сами дома и доколку би одела на турнеи. Многу работи би биле поразлични. Веројатно никогаш не би била ѕвезда“, изјавила Доли.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!