Манекенката се разбуди со вкочанета рака – докторите ѝ рекле дека е анксиозност, а после 5 часа целосно се парализирала

Дизајнерката и поранешна манекенка, 46-годишната Соња Вера едно утро во 2017 година се разбудила со вкочанета рака, за која не се ни надевала дека ќе ѝ го промени животот.

Мислела дека имала срцев удар и отишла во болница, но таму и рекле да доспие и дека тоа е последиа на анксиозност. Меѓутоа, се испоставило дека советот од докторот бил лош. Кога се разбудила после 5 часа, се шокирала.

- Advertisement -

Била парализирана од градите надоле, но не почнала веднаш да паничи затоа што мислела дека ќе помине. Се надевала дека кога повторно ќе отиде на доктор се ќе се среди.

Докторите ја испратиле на разни прегледи и ѝ дијагностицирале невролошко пореметување – трансверзални мијелитис. Тој го погодува средниот нервен систем и резултира со воспаление на рбетниот мозок.

Шест месеци престојувала во болница, ѝ биле давани стероиди да се намали воспалението, примала имуноглобулинска трансфузија и одела на физиотерапија.

- Advertisement -

Меѓутоа, докторите ѝ рекле дека нема лек за ова пореметување и дека повеќе никогаш нема да може да се движи. Сепак, Соња не се предава.

Уверена е дека кога-тогаш ќе застане на нозе. Скојдневно вежба вво базен, следи новости поврзани со нејзината болест, а неодамна пронашла и клинички испитувања за епидурален стимулатор.

- Advertisement -

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!