Марковска: Добро е македонските ученици да го учат и албанскиот јазик

Албанскиот јазик ќе биде понуден како дополнителен изборен предмет за македонските ученици од шесто одделение, според понудениот концепт за основното образование, што е добро за Ѓулистана Марковска, поранешна пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа е добро. Албанскиот јазик треба да се изучува, затоа што заедно живееме со албанската заедница и треба да го зборуваме нивниот јазик. И албанските ученици во Македонија, секако, мора да го изучуваат македонскиот јазик. Зошто да одиме по курсеви, кога подобро е тоа да го правиме низ образовниот систем, рече Ѓулистана Марковска за време на гостувањето на „Само вистина“ на ТВ Канал 5.

Дури и да биде задолжителен албанскиот јазик, според Марковска, учениците може само да добијат, а не да изгубат. Таа смета дека изучувањето на јазици во денешно време е голема предност, но забележа дека најновата понудена реформа во образованието се прави на погрешен начин, како многупати досега.

– Прво нудат решение, а потоа отвораат јавна дебата. Како може да правите реформа ако не ги прашате најзасегнатите. Во случајов, наставниците, професорите, учениците, родителите, рече Марковска.

Додаде дека истото ќе нѝ се случуваше и со реформата во здравствениот систем да не беше пандемијата на ковид-19.

– Никој никогаш не ги прашал лекарите што треба да се промени во здравствениот систем, а речиси сите влади претходно го реформираа здравствениот ситем, заклучи таа.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!