Мајката несвесно ја посвоила сестрата на посвоениот син: „Господ ми рече да кажам „да“

Самохрана мајка сега верува во чуда откако несвесно ја посвои сестрата на својот посвоен син. Кејти Пејџ од Колорадо се разведе во раните триесетти години со желба да стане мајка. Во 2016 година одлучила да посвои деца.

„Тоа ми беше на списокот за иднината и сакав да посвојам дете“; рече таа во едно интервју. Таа посвоила четири деца пред да го посвои синот Грејсон на 25 мај 2017 година. После тоа добила повик за уште едно дете на кое му требало дом, а таа момент сега го нарекува „чудо“. „Не знам дали порано верував во чуда, но сега нема сомнеж во мене“, изјави Пејџ.

- Advertisement -

Од неа било побарано да се грижи за новородената Хана, која, како и Грејсон, била напуштена од нејзината биолошка мајка. „Нешто ми рече да се согласам. Господ ми рече да кажам „да“, а јас не знаев зошто“, објасни таа.

Набргу откако ја донела Хана дома, забележала дека името на нејзината биолошка мајка е исто како и името на биолошката мајка на Грејсон. „Социјалните служби ми ја кажаа нејзината приказна, која беше слична на онаа на Грејсон“, се сеќава Пејџ. „Видов нараквица од болницата, а името на нејзината биолошка мајка беше исто како и името на биолошката мајка на Грејсон. Тоа не беше вообичаено име“.

Две недели подоцна, социјалниот работник на Хана потврди дека таа и Грејсон всушност биле брат и сестра. „Бев само среќна што му дадов шанса на Грејсон за живот и мислев дека тоа е добра одлука, но чувствував дека не е доволно.

- Advertisement -

Така, да му дадам сестра, не можев да замислам ништо подобро“, изјави Пејџ со солзи во очите. Усвоена Хана на 28 октомври 2018 година. Подоцна тестот утврдил дека тие навистина се брат и сестра.

Децата имаат уште еден 5-месечен брат и Пејџ се обидува да го посвои. Бев самохрана мајка во куќа со четири соби, а сега секоја од тие соби е полна“, изјави Пејџ. „Никогаш не е досадно. Луѓето би ме прашале како управувам со сето тоа. Никогаш не мислев дека ќе имам три бебиња, но Бог никогаш не ни дава повеќе отколку што можеме да поднесеме“.

„Некои самохрани луѓе во нашите цркви ќе бидат во позиција да посвојуваат и ќе им треба помош за тоа“, рече Албери. „Црквата навистина треба да ги поддржува и помага луѓето кои сакаат да посвојат“.

- Advertisement -

Бидејќи секогаш ќе има „повеќе деца за посвојување отколку оженети родители кои можат да го направат тоа“, „прекрасна работа“ е ако еден христијанин може да посвои, рече Албери.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!