Мајка му била чистачка, татко му градежен работник, а тој сега е мнозински сопственик на Бугати: Хрватот кој денес е милијардер

Компанијата Римац Аутомобили на хрватскиот претприемач и иноватор Мате Римац, вчера соопшти дека стана мнозински сопственик на Бугати, познатиот француски произведувач на хиперспортски автомобили. Објавата на оваа вест, Мате Римац ја пропратил со фотографија на Фејсбук која прикажува модели на Римац, Бугати и Порше на тркачка писта.

Како што се наведува, сите акционери ги задржале постоечките удели во сопственост на Римац. Мате Римац е и понатаму поединечно најголемиот акционер со 37 отсто удел, Порше има 24 отсто, а следуваат Хјундаи со 12 и останатите акционери со 27 отсто сопственички удел.

За само 12 години постоење, компанијата Римац Аутомобили од стартап компанија со еден човек во гаража стигна до мнозинско сопствеништво над легендарниот Бугати. Започнал од нула со многу среќа.

Мате е роден 1988 година како најстар од 3 деца. Неговата мајка била чистачка, а татко му градежен работник во Германија. Дури во 2000 година се преселиле во родниот Самобор каде основале семејна фирма. Според сопственото признание, Мате бил просечен, па дури и ученик под просекот. Отсекогаш го интересирала електроника и автомобили и на натпреварите од тие области освојувал прво место.

Неговата прва иновација била ракавицата „iGlove“ која заменува маус и тастатура на компјутери, а ја направил како матурска задача. Уште како дете бил фасциниран од автомобили, па станувал околу 4 часот наутро за да гледа Формула 1 трки. Подоцна започнал да вози дрифт трки со своето старо зелено БМВ, а кога во една прилика му се запалил бензинскиот мотор, Римац сфатил дека мора да ја реализира својата долгогодишна желба и да направи електричен автомобил.

По многу напор и одрекувања, успеал да го оствари сонот – на една улична трка во 2010 година, неговото електрично БМВ ја победил бензинската конкуренција, а една година подоцна соборил 5 Гинисови рекорди за забрзување на електрични автомобили.

Дотогаш за Мате сè било хоби, а потоа одлучил да направи бизнис од сето тоа, при што многу делови не постоеле и морал сам да ги осмисли. Тогаш тој и дизајнерот Адриано Мудри одлучиле да создадат потполно нов автомобил во гаражата на Римац, со што Адриано бил задолжен за дизајнот, а Мате за технолошката страна.

Поради успехот кој Мате го имал на трките, тој го привлекол вниманието на медиумите бидејќи било несекојдневно едно старo електрично БМВ да покори бензински автомобили со неколку стотици, па и над илјада коњски сили. Ваквото внимание довело до тоа да му се јави еден Хрват кој работел за едно кралско семејство од Блискиот исток чија задача му била во нивно име да бара интересни проекти во кои тие можат да инвестираат.

Кралското семејство сакало да купи прототип од нивниот прв автомобил и бидејќи на крајот не успеале да се спогодат околу сите услови, автомобилот бил претставен во 2011 година на најголемиот саем на автомобили во светот, во Франкфурт.

Неговиот електричен автомобил бил дочекан со воодушевување, а првиот сериозен инвеститор бил Колумбиецот со хрватско потекло, Франк Кристијан Канајет. Тогаш започнале да пристигнуваат и првите нарачки, а бизнисот на Римац започнал вртоглаво да расте од година во година.

Последни објави

Работела во Германија 40 години и градела вили за своите синови, а тие по смртта на нејзиниот сопруг ја исфрлиле на улица

Децата растеа во изобилство, затоа што семејството Цветковиќ солудно заработуваа. Брачни пар Цветковиќ од Лескоец цели 40 години работеше...

Посвоиле куче без да го видат – Кога ја отворија вратата од камионот, се случи нешто НЕВЕРОЈАТНО!

Трејси Вајат ја основала својата организација за помагање на животни во 2011 година, пренесува порталот „Likemag“. Се започна со тоа...

ИСПЛИВА ПОТРЕСНА СНИМКА ОД ПОСЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ НА ТОШЕ! Пејачот се видел со оваа жена која му порачала: Те сакам, чувај се, пота повеќе го...

Музичката сцена во регионот години после загинувањето на Тоше Проески неможе да се помири со неговото прерано заминување, сега...

Газдата ми плаче: „Не можам да си најдам добри работници“ – Фала богу им текна да не ти работат за 250 евра

Веќе шест месеци барам работнички за во сендвичара.Со овој бизнис се занимавам скоро 10 години и никогаш не било...
- Advertisement -

Плаќаат по илјадници евра за млади Албанки а кога ќе ги видат остануваат во шок!

Неколку мажи од Црна Гора биле измамени, откога платиле за млади невести од Албанија но никогаш не ги добиле. Еден...

САМО МАЛКУ ЛУЃЕ ЈА ИМААТ ОВАА ЛИНИЈА НА ДЛАНКАТА: Нема да верувате што значи

Тие живеат според кодекс кој никој не би можел да живее и се интелигентни луѓе, никој не успева да...

Актуелно

- Advertisement -

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИRELATED
Препорачано за вас!

error: Содржината е заклучена!