Жена од Кина се шокирала кога на свадбата на нејзиниот син открила дека невестата е всушност нејзината одамна изгубена ќерка.
На свадбата во Сужоу на 31 март, идната свекрва забележала белег на раката на невестата, која наликувала многу на онаа што ја имала нејзината долго изгубена ќерка.
Кога го видела белегот, таа ги прашала родителите на невестата дали нивната ќерка била посвоена пред дваесетина години. Семејството било збунето од прашањето затоа што тоа било тајна.
Сепак, според кинеските медиуми, родителите признале дека бебето го нашле на патот пред многу години и го одгледале како нивно. Приказната не завршува тука.
Невестата, која плачела од среќа кога дознала дека е посвоена и дека штотуку ја запознала својата биолошка мајка, сепак се омажила за нејзиниот постар „брат“ затоа што нејзината свекрва признала дека и младоженецот е посвоен.
Жената го посвоила момчето откако изгубила секаква надеж дека ќе ја најде својата ќерка, која ја барала со години. Единствено што не е јасно во целата приказна е како жената ја „изгубила“ својата ќерка.