Милионер си ја намалил платата за вработените да земаат повеќе – открил што се случило со неговата фирма за 5 години

Пред неколку години, целиот свет го следел потегот на Ден Прајс, претприемач од Сиетл.

Имено, тој си ја намалил платата од еден милион долари годишно на 70.000 за да може да им исплати на своите вработени 70.000 долари. Прајс, сопственикот на компанијата за финансиски услуги „Гравити пејментс“, неодамна се појавил на социјалните мрежи и ги открил последиците од неговата одлука.

„Кога воведов минимална плата од 70.000 УСД годишно во мојата компанија во 2015. година, Раш Лимбо рече:„ Се надевам дека оваа компанија ќе стане предмет на студии на МБА програмите за тоа како социјализмот не работи затоа што нема да успее. Оттогаш нашата компанија е тројно зголемена, а денес сме предмет на студии на Харвард“, напишал Прајс.

„Откако воведовме минимална плата од 70.000 УСД годишно во 2015. година, нашиот бизнис е зголемен за три пати, а бројот на вработени кои го поседуваат својот дом се зголеми за десет пати. Седумдесет проценти од вработените ги исплатија долговите.

Бројот на деца кај вработените се зголеми за десет пати. Заминувањето на вработените е преполовено. Дури 76. проценти од вработените се поангажирани, двојно повеќе од националниот просек“, напишал тој.

Неколку дена подоцна, тој повторно се јавил: „Многу луѓе тврдат дека ова е доказ дека капитализмот и слободниот пазар се ефикасни. Не се согласувам. Луѓето посочуваат на мене како новина. Се издвојувам со причина, никој не ме следеше во ова. Потпирањето на добродушните директори е рецепт за експлоатација на вработените.

Бидејќи ја воведов таа плата, секој ден добивам лути пораки од луѓе кои тврдат дека работниците не ја заслужуваат таа плата. „Тажно е што сме воспитани да ги понижуваме другите, наместо да го доведуваме во прашање системот што нè понижува“, напиша тој.

Тој за Би-Би-Си во февруари изјавил: „Луѓето гладуваат, ги отпуштаат или ги експлоатираат, па некој може да има пентхаус на врвот на зградата во Њујорк со златни столчиња.

Ние ја величаме алчноста како општество цело време, во нашата култура. И, знаете, листата на Форбс е најлош пример: Бил Гејтс го надмина Џеф Безос како најбогат човек. Кому му е грижа!?”.

Извор: Kurir.rs

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!