Маркетинг компанија се соочува со жестоки критики на социјалните мрежи откако „јавно посрамотиле“ девојка која аплицирала за работа.
24-годишната Емили Клов од Тексас се пријавила за работа во маркетинг компанијата “Kickass Masterminds”. Како одговор на нејзиното аплицирање, маркетинг компанијата презела фотографија од нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм и го објавила на „Стори“, каде што објасниле дека ја одбиле поради провокативните фотографии, односно „непрофесионализам“.
Откако Емили ја забележала својата фотографија на која што позира во костим за капење во базен, објавила скриншот на Твитер, а објавата веднаш станала вирална.
Поради ваквиот потег, маркетинг компанијата “Kickass Masterminds” се соочи со жестоки кртики, по што Твитер профилот на компанијата „исчезнал“, профилот на Инстаграм бил наместен на „приватен мод“, а исчезнала и нивната веб страница.
Бројни корисници на социјалните мрежи ја поддржаа Емили и се согласуваат дека нема ништо спорно во фотографијата објавена на нејзиниот профил.
@kickassmasterm pic.twitter.com/rhVUhMTsZg
— Emily Clow (@emilyeclow) October 1, 2019