Мислите дека 120/80 е нормален притисок? Епа, вие сте во голема заблуда

Врежаното мислење дека нормален крвен притисок е 120 со 80, и дека сите вредности над тоа се итен повик за итна посета на кардиолог – повеќе не важат.

Европското кардиолошко здружение издало нови упатства, според кои нормален е 140 систолен и 90 дијастолен притисок. Проф. др. Бранко Белесилин, кардиолог од Клиничкиот центар на Србија, пред светскиот ден на срцето, за српски Blic зборувал за најновите критериуми.

- Advertisement -

“Повеќето луѓе сметаат дека 120 со 80 е нормална вредност на притисокот. Меѓутоа, крвниот притисок до 140 со 90 е границата која се смета за нормална. Тоа сепак, не важи за дијабетичарите, за кои границата е 130 со 89, како и кај постарото население”, вели Белеслин.

Претходно, меѓутоа, се сметало дека доколку некој има притисок 139 со 89 дека веќе е во претхипертензична состојба, дека мора да пие лекови за да не се зголеми ризикот од инфаркт или срцев удар. Меѓутоа, како што сè се менува, така се поместуваат и овие граници.

Во Европа критериумите за висок притисок се малку пофлексибилни, со тоа што треба да се води сметка и да се обрати внимание на пациентот дека не се појават компликации кои предизвикуваат крвен притисок.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!