До редакцијата на Агротим пристигнаа фотографии од стадо овци, млада мајка, сирење во канти и празна површина на која може да се изгради ново бачило. Пораката била испратена од Тамара Трајковска од Пробиштип, село Турско Рудари.
„Јас сум во многу тешка ситуација. Имаме 360 овци кои ги чуваме под кирија во село Рајчани. Шталата не е наша, ја користевме со плаќање на минимална кирија. Сега велат дека не може повеќе да ги чуваме овците таму и не знам што да правам. Немам намера да ги продадаме, единствено ако морам, а тоа не сакам.
Сакам да ги чуваме и затоа барам некако да ми се помогне, да направам штала, ама немам средства. Било како да ми се помогне, не сакам пари, можеби материјали за градба или некој кредит да извадам“!
Секако дека сакаме да помогнеме и затоа ја објавуваме нивната ситуација со цел да изнајдеме решение за проблемот кој го има ова младо семејство кое се одлучило во животот да егзистира од најтешката земјоделска гранка, сточарство.
-Од 50 овци, за шест години ги подигнавме на 360 грла, постојано вложуваме во нив. Јас правам и сирење се со цел да ги зголемиме приходите. Имаме наша земја каде може да изградиме штала но немаме средства. Ве молам не дозволувајте да ги продадеме овците – апелира Тамара.
Се надевам дека во државата има агробизнисмени и компании кои се општествено одговорни и со тоа ќе бидат дел од оваа приказна со среќен крај, а продолжување на земјоделска приказна на Тамара.
Извор: bulevar.mk