Млекото на мајките кои примиле две дози вакцина против коронавирус би можело да содржи антитела кои ќе го заштитат бебето од вирусот. Истражувањето е спроведено помеѓу декември 2020 и март 2021 година, иако е мал период научниците велат дека овој податок е охрабрувачки.
Испитана е 21 здравствена работничка во САД. Тие никогаш претходно немале коронавирус. Ова било во време кога вакцините за првпат им биле достапни на здравствените работници во САД.
Земен е примерок од мајчино млеко и крв вкупно три пати: пред вакцината, после првата доза и потоа после втората доза. Резултатите покажале дека после двете дози вакцина против коронавирус постоело силно присуство на антитела во крвта и млекото. Забележано е 100% зголемување на заштита во однос на бројот на антитела пред вакцинацијата, пренесува Independent.
Исто така бројот на антитела присутно после вакцинацијата бил поголем од оној кој бил забележан после “природната” инфекција со вирусот. Кога бебето ќе се роди, нивниот недоволно развиен имунолошки систем тешко се бори против инфекцијата, бидејќи се премногу млади адекватно да реагираат на одредени видови вакцини.
Џозеф Ларкин, професор од Универзитетот во Флорида и еден од авторите на истражувањето рекол: “Нашите резултати покажуваат дека вакцинацијата предизвикува зголемен број на антитела против SARS-CoV-2 вирусот, кој го предизвикува Ковди-19, во мајчиното млеко.
Вакцинираните мајки можат да им го пренесат овој имунитет на своите бебиња, што наскоро и ќе го докажеме”.