ТВ водителката Лила Филиповска, која има 51 година, деновиве е во центарот на вниманието во македонската јавност.
Популарната Лила се најде на мета на критики на социјалните мрежи, пред се Инстаграм, поради нејзиниот изглед односно начинот на кој често ја менува фризурата односно периките.
Филиповска го има најследениот Инстаграм профил во Македонија. Неа ја следат буквално од најмлади до највозрасни категории, па не зачудува што покрај толку голема публика, има и луѓе кои критикуваат.
Сепак, пред нешто да кажете, можеби треба да се информирате, да прашате, па потоа да критикувате. Таков е случајот и со Лила Филиповска.
Не можејќи да ги трпи критиките кон неа, се огласи нејзиниот добар пријател Зоран Василевски – Фаци, кој преку стори на Инстраграм напиша:
-Зошто мора Лила да ви каже зошто носи перика? Зошто мора да ви каже низ што се помина оваа година, низ пеколот? Зошто мора да ви каже какви здравствени проблеми има? Себични, без чувства, примитивни луѓе, и не го кажувам тоа од злоба, туку од бес – порача Василевски.
Лила и Зоки често може да се забележат заедно во познатите македонски кафе барови и ресторани, а многу често се дружат и во „Mi Casa“, локал кој го менаџира токму Зоки Фаци.
После ова, веројатно сите кои ја критикувале Лила поради периката, ќе ги повлечат своите зборови.