Она што прво им е јасно на сите е дека огледала рефлектираат. Тоа значи дека прикажуваат одраз на она што се наоѓа во нивната непосредна близина. Токму тоа е она што ги прави интересни за Фенг Шуи.
Овие места во домот избегнувајте ги за чување на огледала: Влезна врата: Никогаш не смеат да бидат сместени така што ќе создаваат директен одраз на влезната врата, бидејќи така позитивната енергија ја рефлектираат надвор од нашиот дом.
Забранети простории: Не смеета да ги ставате така што ќе создаваат одраз на купатилото или кујната. Ѓубре: Корпата за отпадоци во домот не треба да се рефлектира во огледалото. Спална соба: На ова обрнете внимание. Создаваат кавги и недоразбирања меѓу сопружниците и поттикнуваат вонбрачни желби.
Без оглед каде во собата се поставени создаваат одраз на луѓе кои спијат. Симболички тоа изгледа како безживотни луѓе, па предизвикуваат и болест, според Фенг Шуи.