Молете се, дури и ако не верувате во Бог: Еве зошто е добро да го правите тоа!

Човекот кој верува во Бога и се моли бара од него сила за да може да ги преживее тешкотиите, бара од него водство, мудрост. Но, постои уште еден аспект на молитвата.

Постојат два вида на молитва:
1. Најпрво има човек кој верува во Бог и се моли. Тој бара од Бога сила за да може да ги преживее тешкотиите, бара од Бога водство, мудрост. Една од најдобрите молитви што многумина најмногу ја сакаат е Молитвата за мир:

– „Боже, дај ми мир да прифатам работи што не можам да ги променам, храброст да ги променам работите што можам и мудрост да ја препознаам разликата“. Затоа што толку многу страдања доаѓаат од кога луѓето сакаат да го променат она што е непроменливо. И немаат сила да го променат она што може да се промени. Тоа е убава молитва.

2. Постои уште еден аспект на молитвата. Има една многу интересна приказна за атеист кој сакал да се ослободи од алкохолизмот. Во групата за лекување алкохолизам му било кажано дека ако сака да се опорави, мора да се моли секој ден.

Тој рекол: „Не верувам во молитва. Не верувам во Бога“.
Тие му одговориле: „Не мора да му се молите на Бога, само молете се“.
Тој рекол: „Тоа нема никаква смисла. Што сакаш да кажеш со „моли се, но не му се моли на Бога“?

Тогаш еден од учесниците во групата му одговорил: “Дали сакаш да останеш пијан или сакаш да се отрезниш? Ако сакаш да бидеш трезен, треба да се молиш секој ден. Јас сум трезен веќе седум и пол години. Се молам секој ден, а исто така не верувам во Бог. Но, кога се молам, тоа ме потсетува дека не сум Бог“.

И тоа е прекрасно сознание. Сфаќањето дека не сум највисоката сила на светот. Затоа што некои луѓе живеат во илузија мислејќи дека се семоќни.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!