Му понудил 10.000 долари или мистериозен клуч – го избрал клучот

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Јутјубер, познат по свите великодушни донации, повторно им делел пари на луѓето, а снимката која ја објавил пред два дена веќе собрала повеќе од 16 милиони прегледи и е на трендинг на таа платформа.

Џими Доналдсон, кој стои позади каналот MrBeast, со речиси 37 милиони претплатници, во своето последно видео на луѓето им давал различни предизвици, а потоа им делел пари или автомобили.

Во неговиот серијал „Would You Rather“, овој пат Доналдсон на луѓето им нудел да шутираат во кош за 10.000 долари, да бират дали сакаат да земат 10.000 долари или мистериозен клуч (позади клучот било ново Ауди), а на една девојка ѝ рекол дека ќе ја добие сумата до која ќе успее да изброи од нула (добила повеќе од 14.000 долари на крајот).

„Да се надеваме дека овој човек никогаш нема да остане без пари“, коментирале гледачите. Инаку, за учество во својот серијал, Доналдсон луѓето ги бира по случаен избор од листата на претплатници, а веќе најавил и следна епизода.

НАЈЧИТАНИ ОБЈАВИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!