Навечер сварете четири лимони: Природен лек кој ќе го исчисти црниот дроб и ќе го нормализира холестеролот

Ова е стар рецепт од Германија кој го зајакнува имунитетот, спречува висок холестерол, го чисти исклучително ефикасно црниот дроб и спречува формирање камења во бубрезите.

Рецептот е многу едноставен и неговиот ефект е неверојатен. Потребни состојки: 4 нелупени лимони, ѓумбир долг околу 4 центиметри или две лажички рендан, четири големи главици лук, 2 литри вода.

Постапка: добро измијте четири лимони и потоа исечкајте ги на помали парчиња. Излупете го лукот и ставете го во блендер заедно со лимоните и ѓумбирот. Миксајте додека да добиете компактна смеса.

Потоа смесата истурете ја во тава или тенџере, додајте вода и непрекинато мешајте додека да зоврие. Кога ќе зоврие, веднаш тргнете го садот на страна, поклопете го и оставете го да се излади.

Потоа процедете ја смесата добро низ газа или цедалка, а добиената течност складирајте ја во стаклени шишиња или тегли. Чувајте во фрижидер.

Употреба: пијте по една чаша секое утро пред појадок, а потоа по една чаша после секој оброк. Ова може да го повторувате две до три недели, со задолжителна пауза од седум дена после секоја недела. По неколку дена ќе бидете видно поодморни и ќе се чувствувате подобро.

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!