Народните верувања велат дека старите луѓе на Бадник и Божиќ користеле главица кромид за да дознаат какво ќе биде времето цела година.




Потребно е на Бадник, навечер, да исечете главица кромид на 12 парчиња (по едно за секој месец).




Во секое да ставите по малку сол и да ги оставите на прозор да преноќат. Најстариот член на семејството, утредента, на Божиќ треба да ги разгледа парчињата кромид.




Во она во кое има вода, во тој месец ќе има вода и дождови. Ако некое парче е суво, тој месец ќе биде сув, велат постарите според народните верувања.