На секој му се случило да му се скрши чаша во рака или една иста работа да му се расипе стопати. На тоа, бабите би рекле – некој сака да ти каже нешто.
Ова се неколку народни верувања, или подобро познати како бабини деветини, кои можеби никогаш не сте ги слушнале: „Ако во домот ви течат цевките за вода или ви капе вода од чешмата, веројатно сте во финансиски проблеми и треба да размислите колку рационално ги трошите парите.
– Ако постојано ви недостасуваат ситници кои вистина ви се потребни – шноли, ластичиња за коса, чорапи, клучеви – веројатно често се однесувате како егоист и вашите потреби ги наметнувате како најважни. Покрај тоа, мрзеливи сте и ја префрлате одговорноста на другите.
– Скршените или напукнати садови и чаши, како и пукнатините на огледалата, укажуваат дека во домот има сериозен конфликт. „Постојаното расипување на електричните апарати, честото пукање на сијалиците, укажува на тоа дека луѓето од минатото не ви посакуваат добро.
– Честите поправки во домот исто така значат дека сте во токсична врска во која малку по малку го губите меѓусебното почитување.
– Работите кои засекогаш ќе се изгубат низ домот, укажуваат на стагнација. Тоа се сигнали дека треба да се напушти она што е старо и непотребно и треба да се создаде простор за нешто ново и интересно.