Реставрацијата траела пет години, ги пренел скалилата кои датираат од 1880. година, а 90% од работите ги завршиле сами, заедно со својот брат.
Малку што на нашата планета може да го преживее забот на времето, но со труд и вложено време, некои работи можат да доживеат вистинска ренесанса. Последниве години се многу популарни емисиите во кои мајстори реновираат некои разрушени објекти, целосно го трансформираат и од него креираат куќа од соништата. Слично направија и ентузијасти од Хрватска, Лука Шутлиќ, кој старата куќа ја претвори во вистинска туристичка атракција.
Фотографиите како изгледал тој објект пред и после реставрирањето, станаа вистински хит на социјалните мрежи, а 28 годишниот Лука, за српски телеграф раскажа дека куќата која ја наследил во Нин, ја трансформирал во неверојатно место. Промената благо речено е навистина неверојатна.
-Обновата ја започнав кога имав 23 години, односно кога ја наследив. Беше во трошна состојба, па ја реставрирав малку по малку, во наредните пет години, како поради слободното време, така и поради приливот на пари – раскажува Лука за српски Телеграф.
-На почетокот плаќав мајстори, но како цифрите започнаа да стануваат енормни, братот и јас продолживме да работи понатаму самостојно. Тој ми беше десна рака целото време и завршивме отприлика 90% од работите сами – додаде овој 28 годишник, кој по професија е авио техничар.
Вљубеник во старата архитектура и скалите од 1880. година.
Тој истакнува дека не може да одреди колку пари досега потрошил на реновирање, бидејќи, како што вели, во еден момент се излегло од контрола, и започнал да заборава да го впише точниот износ за некои реставрирани делови. Смета дека можело се да биде поевтино, но сакал да го направи онака како што го замислувал.
-Можеше и поевтино, но имам некој чуден вкус и сакав некои работи поради себе да бидат такви како што сега се. Нарпимер, бидејќи скалилата во домот беа трошно, мораше да ги менувам. Како во некоја случајна игра на Крк се рушела некоја стара вила, така што скалилата ги земав од неа, а датираат од 1880 година, комплетно ги преместивме во куќата. Среќа што бев млад и луд и верував во успехот на проектот – вели Лука и додава дека сите материјали биле изборни, односно дека нема имитација на камења.
Ова упорно 28 годишно момче вели дека изградбата на самата куќа започнала околу 1905. година, но не знае точно кога е завршена. Бидејќи е голем вљубеник во антиквитетите и рустиката, одлучил дека куќата “Вила Романтика” да добие своевиден печат од старото време, но со спои на некои модерни елементи.
-Ентериерот е комплетно направен од камен, но тука се и масите од интересни детали. На пример, бравата на влезните врати е старинска, а клучот за неа е околу 25 сантиметри. Туристите едноставно остануваат воодушевени и се заљубуваат во антиквитетите на прв поглед, додава младиот Лука.
Брутална сезона
Куќата има околу 100 квадрати, а околу куќата има околу 1.600 метри квадратни. Објаснува дека објектот служи исклучиво за изнајмување и дека е наменет како романтично катче за две лица.
Како што вели, новонастаната ситуација не ги расипала значајно неговите планови што се однесува до туризмот.
Последната сезона беше брутална и неочекувана, со оглед на се што се случуваше. Само четири дена куќата не беше букирана – вели Лука.