На малиот Еитан (5) му загина целото семејство во страшната несреќа во Италија- за кратко ги отворил очите во болница, а познато е кого видел прво

Еитан Биран, единствениот член на семејството кој ја преживеал несреќата на жичарницата во Италија, се опоравува и за кратко ги отвори очите.

Петгодишно момче од Израел, кое единствено го преживеа падот на италијанската жичарница во средата, ги отвори очите за прв пат по несреќата во која загинаа неговите родители, неговиот брат и баба и дедо.

- Advertisement -

Официјален претставник на болницата „Регина Маргарита“ во Торино, каде се лекува, рече дека Биран, кој е под седативи и е на апарати за дишење, за кратко ги отворил очите, пренесуваат италијанските медиуми. Претставник на болницата рече дека тоа е „многу деликатна фаза“.

Неговата тетка, лекар што живее во Италија, беше покрај неговиот кревет кога се освести. Биран претрпе повеќекратни фрактури на коските при падот, иако лекарите утврдија дека нема невролошко оштетување. Седативот постепено се намалувал бидејќи неговата состојба се подобрувала.

Израелските медиуми објавија дека е назначен локален психијатар кој ќе му ја соопшти на детето веста за загубата на семејството. Телата на пет члена од семејството Биран кои загинаа во несреќата беа предадени во Израел на погреб во средата, изјави израелскиот амбасадор во Италија, Дрор Еидар.

- Advertisement -

Три лица беа уапсени за пад на жичницата на северот на Италија, вклучувајќи го и сопственикот и управителот на компанијата за жичари „Мотароне“, која управува со локацијата. Луиџи Нерини е уапсен заедно со водечкиот инженер на компанијата и оперативниот шеф на службата, пренесуваат италијанските медиуми.

Во трагедијата загинаа 14 лица, вклучувајќи и пет члена на семејството Биран. Еитан, кој престојуваше со своето семејство во Италија, очигледно го спасила прегратката на неговиот татко, кој загинал кога кабината се срушила на земја, изјави во понеделникот портпаролот на болницата.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!