На професор му стигнал чуден пакет од поранешен студент: Се изненадил кога го отворил, се вмешала и полицијата

Кутијата била толку голема што факултетот морал да плати 90 долари за испорака, а потоа истата повеќе од 9 месеци прво стоела во просторијата за прием на пошта, а потоа и во канцеларијата на професорот.

Професор по физика од Њујорк по долг период на онлајн настава се вратил во канцеларија, а таму пронашол пакет полн со банкноти од 50 и 100 долари.

Вкупниот износ во пакетот бил 180 илјади долари, а во приложеното писмо пишувало дека парите треба да бидат наменети за потребите на студентите по физика и математика.


„Ова беше шок. Познавам многу академици и никогаш не сум слушнал за вакво нешто. Немав поим дека факултетот прима готовина, па не знаев дали да го прифатам тоа“, изјавил 48-годишниот експерт за нано и микрофотоника за „Њујорк Тајмс“.

Според зборовите на професорот, во писмото се наведува дека великодушниот, но анонимен донатор некогаш учел на тој факултет што го довело до „долга, продуктивна и неверојатна научна кариера“

Писмото било непотпишано, а името Кајл Пејсли кое било на пакетот не било наведено во службените податоци од факултетот, па се претпоставува дека станува збор за лажно име.

Професорот Менон истакнал дека вредноста на подарокот е помалку парична, а повеќе доказ за успехот на неговото предавање. Тоа што го воодушевило е фактот што таа личност толку многу му верувала на системот што ѝ било сеедно дали пакетот ќе го испрати по пошта.

Меѓутоа, отворањето на кутијата и откритието на големата сума на пари факултетот го третирал како потенцијален доказ, па била повикана и полиција за да се утврди дали станува збор за илегално стекнати пари.

Се покажало дека парите биле легално подигнати од неколку банки и дека не се поврзани со некаков криминал. Парите ќе послужат за стипендии на двајца студенти и тоа во период од наредните десет години, одлучиле од факултетот.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!