Нејзината ќерка се родила пред време, а докторите губеле надеж – оваа намирница ѝ го спасила животот

Кога девојчето Изабела се родило прерано со телесна маса помала од шише Кока Кола, докторите ѝ давале најмали шанси да преживее.

Но, покрај лошите прогнози, малечкото девојче неверојатно закрепнувало, после што еден обичен кујнски производ ѝ го спасил животот. Мајката Кимберли Филипс ја родила Изабела откако нејзиниот водењак изненадно пукнал во 23. недела од бременоста.

Со оглед на тоа дека тежела 540 грама, лекарите се плашеле дека нема да преживее поради екстремно чувствителната ка. Користеле кокосово масло за нејзината кожа да ја заштитат од поптенцијалните смртоносни бактерии.

„Таа е родена прерано и нејзината кожа уште не беше прилагодена за надворешни услови, туку за живот во матка. Нејзината кожа не беше развиена, беше претенка“, рекол докторот Тобиас Странк за Дјели Меил.

За една година, сега 16-месечната здрава Изабела докажала дека е мал боре и ги зачудила докторите. Истражувачите веруваат дека кокосовото масло му го спасило животот на девојчето. Откриле дека производот може да ја штити кожата и на најмладите.

„Спроведовме пилот истражување кое покажа дека кокосовото масло навистина ја подобрува состојбата на кожата кај екстремно прерано родените деца“, рекол доктор Странк.

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!