Не ги фрлајте лушпите од мандарини – од нив се прави лек кој помага во многу болести

Мандарините овие денови ги има во изобилие, а освен плодот, многумина ги обожаваат и нивните лушпи. А имаат и одлична причина за тоа. Таа може да се користи на многу начини, а она што е можеби и најважно – може да биде вистински лек.

Само една мандарина може да ни обезбеди и до 80% од потребниот дневен внес на витамин Ц кој ја чува нашата ДНК од оштетување и го зајакнува имунолошкиот систем. Мандарините го намалуваат и лошиот холестерол кој го зголемува ризикот од висок крвен притисок, мозочен удар, болести на црниот дроб и срцеви заболувања.

- Advertisement -

Мандарините можат да го намалат и ризикот од рак на црниот дроб, утврдиле експерти од Универзитетот Кјото во Јапонија. Откриле и дека личностите кои патат од хроничен вирусен хепатитис можат да го намалат ризикот од развој на рак на црниот дроб доколку пијат свеж сок од мандарина.

Мандарините се одличен извор на диетални влакна, содржат дури три грама валкна на 100 грама и овозможуваат долго чувство на ситост. Лушпата од мандарини може да послужи како одличен избор за убкажување на кашлицата и болката во грлото.

Сомелете 50 грама лушпа од мандарина и ставете ја во тегла. Мелената лушпа прелијте ја со 40-постотен медицински алкохол. Теглата добро затворете ја и оставете да одстои 7 дена на темно место.

- Advertisement -

Вака припремена, кората од мандарина конзумирајте ја секој ден до исчезнувањето на симптомите, една чајна лажица после јадење. Сепак, мора да бидете внимателни. Познато е дека сите оние кои имаат проблеми со чиреви треба да избегнуваат одредена храна од цитрусите.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!