„Не присвојувај ништо и никого“: Моќни совети кои големиот мислител ги дал на својата ќерка

Георгиј Ивановиќ Гурџијев бил познат ерменски филозоф и голем мислител. Рејна Д’Асија открива 30 совети што ѝ ги дал токму овој филозоф, кој ѝ бил татко.

Факт е дека тие се вистинско богатство:
-Фокусирај го твоето внимание на себе.
-Биди свесна во секој момент што мислиш, чувствуваш и правиш.
-Секогаш заврши го она што си го почнала. Она што го правиш, прави го на најдобар можен начин.

-Немој да се врзуваш за ништо што може долгорочно да те уништи.
-Развивај ја твојата великодушност без сведоци.
-Однесувај се кон секоја личност како да станува збор за твој близок роднина.
-Среди онаму каде што си направила неред.

-Научи да добиваш и искажи благодарност за секој подарок.
-Престани да се самопроценуваш.
-Не лажи и не кради. Ако го правиш тоа, тогаш се лажеш и се крадеш самата себе.
-Не заземај многу место.

-Не прави врева и бескорисни гестови.
-Ако не поседуваш вера, барем имитирај ја.
-Не дозволувај да те импресионираат силни личности.
-Не присвојувај ништо и никого.

-Дели рамномерно.
-Не заведувај.
-Јади и спиј само толку колку што е неопходно.
-Не зборувај за твоите лични проблеми.

-Не суди и не дискриминирај кога не ги знаеш повеќето факти.
-Не склучувај непотребни пријателства.
-Немој да се продаваш.
-Почитувај ги договорите што си ги потпишала.

-Биди точна.
-Не завидувај на успесите на другите.
-Зборувај го само она што е неопходно.
-Немој да мислиш само на погодностите што ќе ти ги донесе твоето дејствување.
-Никогаш не заканувај се.

-Оствари ги ветувањата што си ги дала.
-Во текот на расправијата, стави се на местото на другиот.
-Признај ако некој те надмине.
-Не следи ги трендовите.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!