Ќе се мажам за човек, кого претхоно воопшто и не би го погледнала на улица. Воопшто не е убав, висок е како јас кога сум на штикли, воопшто не е интересен, но ме гледа како светица.
Добивам многу внимание од негова страна и свесна сум дека ќе стори се за мене. Се одлучив за врска со него од погрешни причини, но мора да биде така. Тој знае дека девојка како мене нема да може да има никогаш. Убаво му е што околу него се зборува дека има најубава девојка во цело друштво, но што да кажам јас…
Имам 26 години. Бев во врска со секакви фраери, но еве сега имам друга приказна. Тој сака брак. Знам дека ќе ми биде верен. Пред мене имал само една девојка, а јас сум измислена за неа. Тој е многу добар човек и е добро ситуиран. Има своја приватна фирма.
Нема да лажам дека го сакам како дечко или маж, но го сакам како личност која е добра со мене, а јас учам за да го трпам, да ја голтнам својата гордост, да лажам дека ми е прекрасно со него, а сетоа тоа поради сигурноста која сакам да ја имам во текот на понатамошниот живот.