Нови мерки во Србија: За викендот, сите кафулиња, ресторани и трговски центри со работно време до 14 часот

Новите мерки кои кризниот штаб ги предложи до владата на Србија официјално ќе бидат соопштени денес во 15 часот.

Од понеделник работното време се враќа по старо, односно до 20 часот

- Advertisement -

Во сабота и недела сите кафулиња, ресторани, трговски центри ќе бидат отворени до 14 часот, а од понеделник работното време ќе се врати како што беше досега, односно до 20 часот, неофицијално дознава Курир.

Аптеки, супермаркети, бензински пумпи, испорака на храна се ослободени од скратениот режим до 14 часот.

Исто така, кафулињата ќе бидат затворени во сите ски центри – тие нема да работат воопшто, и на отворено до 14 часот. Предлогот на кризниот штаб се испраќа до Владата на Србија, а официјалното решение ќе биде објавено во 15 часот.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!