Оваа билка се верува дека носи среќа во домот – што значи ако ѝ го подарите на девојка

Женската среќа се крие во хармонијата на домот, а за оваа билка се верува дека токму таа го носи мирот и спокојството, но и среќата за жените…

Се верува дека ако ова цвеќе и го подарите на девојка која не е мажена, таа за многу кратко време ќе си го среди животот. А доколку и го подарите на мажена жена – таа многу брзо ќе забремени и ќе добие бебе. Од многу одамна постои верување меѓу жените дека оваа билка смирува брачни кавги и нетрпеливост во домот, односно ја решава семејната идила, особено љубовната.

„Жените кои ја поседуваат и ја одгледуваат, кај кои цвета и се развива – носи среќа. Затоа оваа билка е идеална за подарок на женскиот пол. Иако можеби ви делува на излитена приказна, многумина се увериле во нејзината точност.“

Оваа атрактивна декоративна билка е една од најпознатите канцелариски растенија. Спаѓа во групата на најдобри природни прочистувачи на воздухот кои се користат за затворени простории. Постојат безброј растенија кои се присутни речиси во секој дом, меѓутоа на многу од нив не им ги знаеме ниту имињата, а да не спомнуваме за нивно правилно одгледување.

Спатифилумот (лат. Spathiphyllum) e такво растение, за кое се верува дека носи среќа во домот. Уште е познато и како „женска среќа“, бидејќи се верува дека ова растение е одговорно за благосостојбата на жената.

Ако на невенчана девојка й подарете спатифилум, таа за многу кратко време ќе се омажи. Ако го подарите на мажена жена, тогаш таа ќе добие дете. Всушност, сите собни растенија симболизираат нешто специфично – некои симболизираат среќа во бракот, други – пари, трети – здравје, успех и така натаму. Но, зошто токму спатифилумот се смета за женски покровител?

Од дамнина жените ја забележале позитивната енергија што ја шири спатифилумот во домот, особено кога станува збор за љубовниот живот. Девојките си пронаоѓале свој избраник, а оние кои биле во врска набрзо добивале понуда за брак, а пак мажените жени имале среќен брачен живот.

Денес, „женската среќа“ е едно од најраспространетите растенија и најомилен подарок за понежниот пол. Ако сакате ова собно растение да го промени вашиот живот, треба искрено да го сакате, да се грижите за него, да го прихранувате и ќе се уверите дека легендите за „женската среќа“ се вистинити…

Поради своите отмени бели цветови (слични на кала), кои доминираат над темно зелените листови, спатифилумот спаѓа во редот на најпопуларните украсни растенија кои го збогатуваат просторот со својата убавина.

Спатифилумот припаѓа на фамилијата Araceae. Родот вклучува околу 40 видови на растенија чиј ареал се влажните тропски области на Централна и Јужна Америка и Југоисточна Азија, каде растат во сенка на огромните дрвја. Името го добил од грчкиот збор spathe – лист на врв и phyllon – лист, поради големиот заштитен лист што го опкружува цветот.

Постојат различни и бројни сорти на ова растение, но, исто така, може да се купат и во различни големини во зависност од големината на просторијата каде што ќе растат. Најчесто одгледувани хибридни видови на спатифилум се: низок (Spathiphyllum wallissi) кој е висок и до 30 см, но може да израсне во бујна и широка грмушка и висок (Spathiphyllum Mauna Loa) кој има многу висечки листови и цветови и висината може да му достигне и до еден метар.

Спатифилумот е отпорно повеќегодишно растение. Се карактеризира со долги листови од 30-50 см. Цветовите на ова растение може да траат и до два месеци, постепено менувајќи ја бојата од бела во зелена. Кога целосно ќе прецветаат, неопходно е да се пресече целото стебло за да продолжи непречено да цвета.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!