Британските доктори со своето истражување кое што го направиле, стигнале до следните резултати. Кога телото не произведува доволно хормон инсулин тогаш се развива дијабетес тип 2.
Симптомите кои што укажуваат на таа состојба, меѓу другото, се и чувство на умор, проблеми со бешиката и често одење во тоалет, како и рани кои што тешко заздравуваат. Најважно е оваа болест да ја забележите навреме за да може да ја контролирате на вистинските начини и да спречите посериозни проблеми.
Првите симптоми кои што сигнализираат дека на телото му се заканува развој на дијабетес тип 2 се јавуваат на кожата, заклучиле докторите. Овој знак многумина го игнорираат, а токму тој може значително да помогне во контролирањето на оваа здравствена состојба.
Доколку на кожата почнат да ви се развиваат темни точки, добро би било да посетите доктор. Кај 90 отсто од пациентите кои што боледувале од дијабетес, забележани биле промени на кожата во облик на темни, црвенкасти точки кои што чешаат и ја иритираат самата кожа.
„Тоа во голем број од случаите е првиот симптом на дијабетес. Вообичаено се појавува на препоните, под пазувите, меѓу прстите на рацете или нозете, но и на вратот. Доколку забележите такви промени на кожата кои што траат со денови, тогаш треба веднаш да посетите доктор“ – вели д-р Мајк.