ОВА Е ЗНАК ДЕКА КРАДЦИТЕ ГО „ПИКИРАЛЕ“ ВАШИОТ СТАН! Имаат нов трик, препознајте го и заштитете се

Веќе знаете дека алармите и безбедносните брави на вратите се најдобри за сигурноста на вашиот дом, но обрнете внимание на трикот што провалниците го користат неодамна, а кој лесно ќе открие дали сте цел на крадец.

Браварите објаснуваат дека криминалците, поради сложената епидемиолошка состојба, станале многу повнимателни и незабележителни отколку порано. Нов трик за влегување во домови – селотејп! Трикот со селотејп станува се попопуларен метод на провалници и крадци, пренесува „Феникс-магазин“.

Провалниците, всушност, лепат парче селотејп на бравата за да дознаат колку често закупецот е дома. Младата популација е поверојатно да го забележи ова, но постарите сограѓани, како и оние кои не се толку внимателни, не забележуваат такво нешто.

Кога провалниците ќе видат дека селотејпот повеќе не е допрен на клучалката, тие почнуваат да проценуваат колку долго некој не бил дома и со тоа добиваат „распоред“ на излегување на станарите од куќата.

По неколку недели, тие имаат доволно информации за да знаат кога некој е дома, а потоа почнуваат да провалуваат.

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!