Истражувањата во рамките на Институтот за нуклеарни науки „Винча“ во Белград, како и меѓународните истражувања, јасно покажуваат дека постои генетска предиспозиција за заболување од COVID-19.
За да се зголеми ризикот од разболување од COVID-19 значи дека има промени во поголем број на гени кои обично се наоѓаат на различни хромозоми, објаснува Снежана Пајовиќ, директорка на Институтот.
Пајовиќ објаснува дека промените што се случуваат во гените, од различни причини, го зголемуваат ризикот од развивање на болеста што ја предизвикува коронавирусот SARS-CoV-2.
Станува збор за мултифакторски болести, кои вклучуваат кардиоваскуларни болести во кои спаѓаат дијабетес и невродегенеративни заболувања. Над 100 болести, додава таа, кои се чести кај населението, се мултифакторни заболувања.
„Веројатноста да заболиме од COVID-19 зависи од три фактори. Од нашите генетски предизпозиции, околностите под кои живееме и начинот на кој живееме“, посочува директорката на Институтот „Винча“.
Според неа, околностите ги вклучуваат факторите животната средина и како таа влијае на тоа дали ќе се манифестираат т.н. „лоши гени“ кои ги има секој од нас во рамки на геномот.
Надворешните фактори исто така, може да влијаат на тоа дали лошите гени ќе се манифестираат или сузбијат.
Третиот фактор е каков живот живееме, а тоа значи како се храниме, какви биоактивни компоненти таа храна содржи (пред сѐ антиоксиданти), колку долго спиеме, каква е нашата физичка активност.
Неодамнешните истражувања покажуваат дека употребата на 500 милиграми витамин Ц, од 1.000 до 4.000 IU витамин Д се покажа како исклучителна превенција.
„Квалитетот на животот е она што може да влијае на тоа дали ќе го зголемиме или намалиме сопствениот ризик од заболување од COVID-19“, вели д-р Пајовиќ.
Таа додава дека истражувањата покажале, особено во Италија и Шпанија, дека луѓето кои имаат крвна група А имаат поголема веројатност да се разболат отколку оние кои имаат крвна група 0.
„Ова се објаснува на начин што антигените, кои се наоѓаат во мембраната на еритроцитите, се протеини кои се исто така кодирани од гените“, објаснува Снежана Пајовиќ.
Таа додава дека повторно стигнуваме до генетското ниво затоа што нашите крвни групи се генетски предодредени.
Извор: Kajgana.com